Македонија по само 16 минути игра ги решава сите дилеми околу победникот на мечот против Гибралтар во 4. коло од новото издание на Лигата на нации на УЕФА.
Откако Енис Барди донесе водство пд 1-0 во 4. минута по одлично изведениот слободен удар, десет минути подоцна по нов слободен удар, овојпат центаршут на капитенот водството го удвои Бојан Миовски со неговиот дебитантски погодок во дресот со националните бои. Само две минути му беа потребни на младиот напаѓач за нов гол и големи 3-0 за нашата репрезентација.
Првиот гол на Бојан Миовски можете да го погледнете на следниот линк.
Вториот гол на Бојан Миовски можете да го погледнете на следниот линк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА