Македонскиот репрезентативен голгетер Бојан Миовски се најде во тимот на 16. коло во шкотското првенство откако одигра фантастичен натпревар предводејќи го својот Ренџерс до триумф од 0-3 против Килмарнок.
Македонецот ги постигна првите два голови за својот тим отварајќи го патот кон шесттиот триумф во сезоната кој донесе искачување на четвртата позиција на табелата.
Покрај Миовски во тимот на колото се најдоа и Џорџ, Мулиган, Халкет, Фреклтон, Кутрумбис, Девлин, Оучике, Барон, Брага и Бови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

