Бојан Најденов од Академија Пандев пред „кам-бек“ во Работнички

Искусниот играч од средниот ред Бокјан Најденов се наоѓа пред враќање во Работнички, дознава ЕКИПА. Досегашниот член на Академија Пандев се раздели со струмичкиот тим, и сега кариерата најверојатно ќе ја продолжи во таборот на „романтичарите“.

Најденов беше во Работнички од 2015 до 2017 година, а претходно беше дел од Хоризон Турново. Подоцна играше за Смуха, Естегал, Лачи, па една сезона во Вардар, во Навбахор, па во црногорскиот тим Искра, а од почетокот на оваа сезона се врати во Академија Пандев.

Покрај Најденов, од Академија Пандев заминуваат и напаѓачот Марко Ѓорѓиевски и голманот Марко Јовановски. Од Работнички многу веројатно дека ќе замине Методи Максимов, кој ќе се пресели во таборот на Шкендија. Пред заминување од таборот на „романтичарите“ е и Иво Јанакиевски.

Се вчитува...