Тимот на Бутел Скопје, почна со градењето на ростерот за наредната сезона. Прв што го продолжи договорот со суперлигашот е десното крило Бојан Спасовски, кој покажува одлични изданија оваа сезона.
„Задоволен сум што го продолжив договорот со Бутел Скопје и што понатаму ќе го носам дресот на овој клуб. За мене како млад играч од особено значење е можноста што ја добивам во Бутел Скопје да напредувам како ракометар. Тука ги имам сите услови за тоа и се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата на тренерот и управата“, изјави Спасовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА