Напаѓачот Бојан Спиркоски е најновото име во редовите на струмичкиот второлигаш Беласица. 30-годишниот Спиркоски доаша од екипата на Пелистер, а претходно настапуваше и за Победа, Силекс, Лабуништа, 11 Октомври, Брегалница, Хоризонт Турново.
Спиркоски има интернационална кариерат откако настапуваше во Чешка, во екипте на Јихлава и Сокол Брозани.
Освен во нападот, може да игра и како играч од офанзивниот дел од средниот ред. И покрај тоа што се поврзуваше со „кам-бек“ во Брегалница Штип, сепак, на крајот се реши да се пресели во струмичкиот второлигаш.
Претходно Беласица се засили со Коста Манев, Давид Стојков, Филип Митев, Горан Томовски, Анатолиј Петејчук, Марио Наумовски и Марио Костов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

