Легендарната Бојана Поповиќ, асистентка на Аџиќ во редовите на Будуќност, вели дека ЖРК Вардар секогаш игра со огромен мотив против црногорскиот шампион.
Поповиќ пред утрешниот меч од Лигата на шампионите меѓу Вардар и Будуќност во Скопје, потенцира дека ќе следи тежок дуел за двете страни кои посакуваат победа.
„Будуќност секогаш е некоја посебна инспирација за Вардар. Секогаш играат со некој специјален мотив против Будуќност. Кај некои ракометарки од Вардар кај кои ретко се гледаат емоции на терен, Будуќност секогаш ги предизвикува да го покажат сето тоа. Убаво е затоа што иритираме и го имаме тоа што е неопходно кај Вардар да предизвикаме реакција“ – вели Поповиќ пред утрешниот меч, дополнувајќи околу тоа дали има и реална основа во желбите да стигнат до првите гостински бодови против екипа која е без пораз во ЛШ.
„Работиме со ракометарките на тоа да разберат дека мора да играат исто и дома и на гости. Малку под притисок се на гости, што е работа на неискуство. Но, имаме квалитет кој ни дава надеж дека можеме до позитивен резултат“ – вели Поповиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА