Двајца фудбалери на Анталија, Израелците Рамзи Сафури и Сагив Езекиел, не излегоа на теренот во саботата во знак на протест поради одлуката да им се оддаде почит на палестинските жртви.
Сите натпревари од турската лига овој викенд ќе започнат со едноминутно молчење за Палестинците кои беа убиени во напад на израелските воени сили во последните денови.
Дополнително, играчите ќе носат црн цвет на натпреварите, што е уште една причина поради која израелскиот тандем не сакаше да игра. За својата одлука ја информираа јавноста.
„Како фудбалери кои гордо го носат дресот на израелската репрезентација, немавме намера да учествуваме на церемонијата што се одржи на стадионот пред натпреварот. Тоа им го кажавме на луѓето кои го водат нашиот клуб и тие ја почитуваат нашата одлука “, напишаа во заедничката изјава Сафури и Езекиел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА