„Бојкотирајте го Синер, не излегувајте на терен“

Откако светскиот тенисер број еден, Италијанецот Јаник Синер, се реши со тримесечна забрана за допинг тест, критичарите од остатокот од тенискиот свет продолжуваат да се појавуваат, сметајќи дека ова е јасен пример за фаворизирање.

Синер ќе одлежи тримесечна суспензија од 9 февруари 2025 година до 4 мај 2025 година. Поради тоа Италијанецот ќе го пропушти Мастерсот 1000 во Индијан Велс и Мајами во март, и Монте Карло и Мадрид во април, но не и Ролан Гарос, кој започнува на 25 мај. Еден од критичарите на одлуката е поранешниот светски рекет број еден Евгениј Кафелников, кој на социјалните мрежи објави: 

„И никогаш нема да дознаеме кој го иницирал договорот. Едноставно не го разбирам тоа! Ако сте апсолутно, 100% сигурни во вашата невиност ,како што беше претходно со неговите адвокати, зошто прифативте забрана од три месеци? Мене тоа ми нема смисла“, напиша Кафелников.

Кафелников е роден во Сочи во 1974 година. Во текот на својата играчка кариера освои две Грен слем титули, првата на Ролан Гарос во 1996 година, а три години подоцна го освои Австралија Опен. Тој го освои златото на Олимписките игри во Сиднеј во 2000 година. Тој ги повика тенисерите да го бојкотираат Синер и да не играат против него. 

Се вчитува...