Лестер веќе го казни Ријад Марез со 200.000 фунти откако одличниот фудбалер одби да се врати на тренинзи по пропаднатиот трансфер во Манчестер сити, но Алжирецот е цврсто решен да остане на својот став и ниту еднаш повеќе да не го облече дресот на „лисиците“.
Марез се уште се нема појавено на тренинзите на својот клуб, а како што јавуваат британските медиуми веќе и испратил гласна понуда дека не планира да му се стави на располагање на менаџерот Клод Пуел. Заканите за нови казни и суспензии немаат никакво влијание над еден од лидерите на тимот на Лестер, кој е цврсто решен да остане надвор од тимот до крајот на сезонава, а потоа пак да притиска за заминување од поранешниот шампион.
Само за потсетување, хаосот настана пред крајот на преодниот рок, кога газдите на Лестер одбија две понуди од Манчестер сити инсистирајќи на отштета од 100 милиони евра за Марез, откако претходно во текот на летото нивната цена за Алжирецот изнесуваше „само“ 50 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА