Бесмир Бојку успешно се опоравува, наскоро очекувајќи повторно да се врати во првиот тим на Струга ТЛ, по скршеницата на десната нога со која се здоби во март оваа година.
Бојку мина низ многу тежок период во својата кариерата, но сега, како што вели, посакува само што побрзо да се врати назад на фудбалските терени.
„Многу тежок период за мене, но фала му на Бога, успешно го поминав. Посебна благодарност и до моето семејство, раководството на клубот, претседателот, спортскиот директор, секретарот, клупските физиотерапевти, моите колеги играчи кои многу ми олеснија да го поминам овој тест во животот и кариерата“ – вели Бојку за клупската страница, притоа дополнувајќи:
„Тешко е кога од страна ги гледате сите натпревари на својот тим. Навистина многу страдав, бидејќи не можев да дадам свој придонес, да им помогнам на соиграчите, посебно во некои тешки моменти. Ќе ми биде мило доколку мојот кам-бек го крунисаме со нова шампионска титула. Градот го заслужува тоа, како и клубот и раководството“.
Бесмир Бојку беше еден од клучните играчи на Струга ТЛ во двете шампионски титули. Јасно е дека е неопходен за тимот и низ актуелнава сезона во која стружани повторно атакуваат на трофејот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА