Бојку: Шкендија е еден од најдобрите тимови во Македонија, тоа ни дава дополнителен мотив за успех

Струга Трим и Лум во четвртфиналето на Купот на Македонија ќе и гостува на тетовска Шкендија на 24. ноември. Среднистот на клубот од Струга вели дека ќе биде тоа тежок натпревар, бидејќи му гостуваат на еден од најдобрите тимови во лигата, но токму тоа им дава дополнителен мотив за позитивен резултат.

„За жал ќе се соочиме со еден од најдобрите тимови во лигата, на нивен терен, пред нивните навивачи, но секако дека ја гледаме нашата шанса во тоа што се игра само еден натпревар, само 90 минути, па се може да се случи. Многу сме мотивирани, бидејќи ќе се соочиме со тим како Шкендија, кој има историја и квалитет“, изјави Бојку. 

 

Се вчитува...