Играчот на Струга ТЛ, Бесмир Бојку е успешно опериран во болницата „8 Септември“ во Скопје, после тешката повреда на вчерашниот меч против Работнички. Се очекува да паузира од 6 до 9 месеци, што значи дека ќе го пропушти остатокот на оваа сезона, и почетокот на идната.
Бојку веднаш беше пренесен во болница после тешката повреда во 85. минута, откако му беше дијагностицирана скршеница.
Утрово во посета на Бојку беше и првиот човек на Струга Трим Лум, Менди Ќира, кој му посака брзо закрепнување.
Ако се оди по планот, Бојку би требало да се врати некаде кон крајот на оваа година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА