Еден од најталентираните млади каратисти на Македонија, Бојан Костов се закити со бронзениот медал на Светското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 кое се одржува во Чиле.
Нашиот каратисти во мечот за бронзата беше подобар од Русинот Ахмед Ахмедов. Претходно, тој до полуфиналето ги совладуваше Ерхан Торначи од Романија, Михајло Марковиќ од Србија, Надир Семари Озани од Мароко и Мох Риски Ромадони од Сингапур. Во полуфиналето по судиско изјаснување Костов беше поразен од Саед Ал Наџар од Обединети Арапски Емирати.
Ова е прв медал за Македонија на Светското првенство, а вчера во кати во јуниорска конкуренција Александар Неделковски го освои 5. место.
До крајот на шампионатот останува своите настапи во категорија на помлади сениори У21 да ги имаат Фахик Весели, Доан Османи, Вероника Костовска и Ангела Мојсовска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА