Бока Јуниорс го совлада Ривер во најголемото дерби на аргентинскиот фудбал (ВИДЕО)

На мечот на славната „Ла Бомбоњера“, кој изобилуваше со жолти картони и силни емоции, ветеранот Дарио Бенедето и донесе победа на Бока Јуниорс во 61. минута во мега дербито со Ривер Плата.

Првото полувреме беше целосно изедначено, а Бока подобро стартуваше во вториот дел. Од моментот кога сино-жолтите постигнаа гол, Ривер беше подобар тим. Сепак, не успеаја да го најдат патот до мрежата на ривалот.

Во самиот финиш, Маркос Рохо доби црвен картон за груб старт, но немаше доволно време Ривер да ја искористи таа предност.

Со овој триумф, Бока се искачи на четвртото место со само два бода помалку од лидерот Атлетико Тукуман, додека Ривер е на седмата позиција со 29 бодови.

 

 

 

Се вчитува...