Фамозниот реванш натпревар од финалето на Копа Либертадорес меѓу Ривер Плата и Бока јуниорс ќе се одигра на 9 декември на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид по големите инциденти што се случија во Буенос Аирес, но гостите кои преживеаја немили сцени и напад на автобусот со солзавец, и понатаму бараат службена победа во своја корист. КОНМЕБОЛ донесе одлука мечот да се одигра, но Бока јуниорс најави дека ќе се жали и до последната инстанца.
Дисцилинската комисија на КОНМЕБОЛ го казни организаторот Ривер Плата со два натпревари играње без публика, како и парична казна од 400.000 долари. Но, од Бока јуниорс сметаат дека треба да го добија и незапочнатиот натпревар со службен резултат, што ќе значи и автоматско освојување на трофејот во Копа Либертадорес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА