Американскиот боксер Џеред Милер стана хит на социјалните мрежи откако во втората рунда од мечот против Кингсли Ибе остана без периката.
За време на борбата Милер доби силен удар по кој од главата му падна периката. Свесен што се случи тој ја фрли истата во публиката за дополнително воодушевување во „Медисон Сквер Гарден“.
Искусниот 37-годишник на крајот го доби мечот, а говореше и за несекојдневната ситуација за која имаше смешно објаснување.
„Бев кај мајка ми, а таа на столот имаше неколку шишиња. Мислев дека е шампион па си ја измив косата, но тоа било крема за депилација поради која пред два дена останав без коса. Го побарав менаџерот и му реков да ми набави перика. На брзина ја ставив. Јас сум комичар и сакам да се шегувам на своја сметка“, изјави Милер.
Ситуацијата може да ја погледнете ТУКА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

