Професионалниот боксер Мајлик Бирдсонг почина од повредите со кои се здоби во Лос Анџелес. Мајлик стоел на улица и разговарал со девојка која седела во автомобил, по што им пришол друг автомобил од кој го застрелале боксерот.
Бирдсонг првично бил ранет и откако почнал да трча кон неговата куќа, дуото излегло од возилото и продолжило да пука во него. По пристигнувањето на брзата помош тој бил пренесен во болница каде била констатирана смрт, а од полицијата велат дека бил пукано со седум куршуми во пределот на торзото.
Насилниците се уште се во бегство, а се уште не се познати другите детали од случајот, а не се знае точно зошто бил нападнат боксерот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА