Македонскиот кадетски репрезентативец Ардијан Аземи го победи Мартин Бебов од Бугарија во категоријата +80 кг со што обезбеди полуфинале на силниот меѓународен боксерски турнир „Емил Жечев“ во Ботевград. Со пласманот во полуфиналето Аземи обезбеди бронза на овој турнир.
Во борбата за финале, Аземи в четврток ќе се сретне со боксерот од Казахстан, Меирам Болашак.
Рузгар Асановски во категоријата до 54 кг загуби на поени од индискиот боксер, Мејтеи Санџарамбам.
Ахмет Јашаров во полуфиналето во категоријата до 48 кг. загуби од Коста Ромеа од Велс. Јашаров беше поразен со прекин во првата рунда по две прегласувања од страна на судијата ворингот. И покрај поразот, Јашаров освои бронзен медал на турнирот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА