Бол се трудеше да биде „кралот“, но Леброн Џејмс блескаше со „трипл-дабл“

Изминатава ноќ во НБА лигата го одбележа првиот настап на Лонзо Бол против Леброн Џејмс во кој често оспоруваното момче одлично се снајде. Иако, на крајот сепак не може да биде „кралот“.

Кливленд славеше против ЛА Лејкерс со 121-112 со 59-от „трипл-дабл“ на Леброн во кариерата од 25 поени, и по 12 скока и асистенции. На спротивната страна Бол имаше одличен ефект од 13 поени, 11 асистенции и 8 скока.

Џејмс во редовите на Кливленд најдобро го следеше Кевин Лав со 28 поени и 11 скока, додека најефикасен во екипата на Лејкерси беше Брендон Инграм со 26 поени.

Голден стејт победи против Далас со 112-97. Во осмата едноподруго победа најмногу се истакна Кевин Дурант со 36 поени, 11 скока и 7 асистенции. Клеј Томпсон дополни со 25 поени, а 16 поени запиша Омри Каспи. Кај Далас Дирк Новицки мечот го заврши со 18 поени и 9 скока.

Њујорк славеше против Бруклин со 111-104 во градското дерби, но можеби останаа без Кристапс Порзингис кој го повреди коленото.

Никси до само втората победа на гостински терен ги водеше Кортни Ли со 27 поени, а 15 поени постигна Мајкл Бизли. Најдобар кај Бруклин беше Спенсер Динвиди со 26 поени, и по седум скока и асистенции.

НБА табели

Се вчитува...