Камар Болдвин повеќе не е кошаркар на Басконија, објави денес клубот од Виторија.
Болдвин пристигна во Басконија минатата година, а пред тоа играше за Тренто, Мејн Селтикс, Гетинген и Турк Телеком.
Тој минатата сезона во Евролигата имаше просек од 7,1 поен, 3,7 асистенции и 1,7 скока по натпревар за клубот од Виторија.
Кошаркарите на Басконија ќе го пречекаат Олимпијакос во првото коло од Евролигата на 30 септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

