Ракометната репрезентација на Македонија до 20 години забележа тежок пораз од Исланд 17-29 во натпревар од 2. коло на Светското првенство кое што се игра во Македонија. Иако овој пораз е болен, сепак се уште не е ништо изгубено бидејќи нашите девојки со победа против Ангола во последното коло ќе обезбедат пласман во главната рунда на шампионатот.
Едно сигурно е јасно, и тактиката на селекторот Јанев и изданието на нашите ракометарки мора да биде на многу повисоко ниво од денешниот меч, бидејќи Ангола на овој шампионат веќе покажа дека не е нималку наивна репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА