НБА-сезоната продолжи по паузата за олстар викендот, а единствениот меч што беше денеска на програмата донесе изненадувачки резултат – Лос Анџелес лејкерс загуби на домашен терен од Шарлот со 97-100. Тандемот Леброн Џејмс – Лука Дончиќ се уште не функционира како што треба, а Словенецот очигледно се мачи со адаптацијата во новата средина по шокантниот трејд од Далас маверикс.
Лука мина на теренот повеќе од 30 минути, но успеа да реализира прескромни за него 14 поени, надополнети со 11 скокови и осум асистенции. Шарлот ја доби третата четвртина со 18-32 и го сврте резултатот во своја полза. Во последните 12 минути се играше израмнето, лејкерси имаа шанса за израмнување, но Леброн Џејмс не го реализираше обидот за тројка и гостите стигнаа до изненадувачка победа во Лос Анџелес.
Леброн го заврши мечот со 26 поени и 11 асистенции, а најефикасни во таборот на Шарлот, воедно и на натпреварот беа Бриџис со 9 и Бол со 27 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

