Џејмс Медисон во последните месеци беше промовиран во нова „ѕвезда“ на англискиот фудбал, но плејмејкерот на Лестер го навлече бесот на јавноста откако беа објавени негови фотографии како игра покер во казино, неполни 24 часа откако поради болест го откажа настапот за „гордиот албион“.
Медисон се појави на рпвата прозивка кај селекторот Саутгејт, но потоа беше ослободен од обврските поради болест. Англичаните отпатуваа за Чешка и во Прага загубија од домаќинот со 2-1, прв пораз во квалификации за ЕП по пауза од десет години. Во меѓувреме, Медисон отпатувал во едно локално казино каде тајно бил фотографиран, а сликите се појавија по британските таблоиди.
„Медисон очигледно е модерен фудбалер кому му е здодевно, а нема ништо попаметно да прави. Сепак, мора да се прашаме што бара толку млад човек на маса во казино“ – критикуваат дел од медиумите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА