Болидот на Ферари што го возеше Шумахер продаден за 16 милиони евра

Болидот на Ферари што Михаел Шумахер го возеше во 2001 година беше продаден за огромни 16 милиони евра на аукцијата што беше организирана во Монте Карло, во пресрет на денешната трка за ГН на Монако.

Шумахер со овој болид триумфираше на трката за ГН на Монако во 2001 година, а потоа го возеше и на трката за ГН на Унгарија, каде исто така победи и ја освои четвртата од своите седум титули.

Денешната аукција значеше и уривање на рекордот за најскап болид на легендарниот Германец, откако претходниот рекорд беше неговиот Ф2003 што го возеше во 2002 година, кој беше продаден за 11,6 милиони евра.

Сепак, Шумахер е далеку од апсолутниот светски рекорд за болид на Форула 1, откако во февруари годинава беше продаден „стримлајнерот“ на Мерцедес во кој своевремено се тркаа Стерлинг Мос и Хуан Мануел Фанџо, за огромни 50,87 милиони евра.

Се вчитува...