Болидот на Ферари со кој Михаел Шумахер постигна голем успех е ставен на аукција и достигна екстремно висока цена. Шумахер, кој седум пати ја освојуваше светската титула, исто како и Луис Хамилтон, со италијанскиот тим освои пет титули.
Болидот што Шумахер го возеше во неговата последна сезона за Ферари во 2006 година достигна неверојатни 11 милиони фунти почетна цена. Аукцијата се очекува официјално да започне на 14 ноември, а некои од најголемите колекционери во светот веќе се пријавиле за наддавање.
Инаку, Михаел Шумахер во таа сезона победи на пет трки со овој болид. Таа година го собори и рекордот на Аиртон Сена по бројот на пол-позиции (68), додека сегашниот рекорд е во сопственост на Луис Хамилтон (104).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА