Боливија продолжи да урива рекорди – Само еден гол на мечот против Уругвај

Ракометната репрезентација на Боливија продолжува да урива негативни рекорди. Тие на шампионатот на Јужна и Средна Америка по убедливите порази од Аргентина (82-7) и Бразил (77-9), покажаа дека можат уште подобро.

Имено, во мечот од третото коло против Уругвај, успеаја да постигнат само еден гол. На полувреме резултатот беше неверојатни 24-0, додека во вториот дел Боливијците заиграа „малку подобро“, а конечниот резултат изнесуваше 55-1.

 

Се вчитува...