Болниот Модриќ го пропушта полуфиналето на Реал Мадрид

Реал Мадрид ќе биде ослабен за вечерашното полуфинале од Супер-купот на Шпанија што се игра во Саудиска Арабија, откако Лука Модриќ отпадна од кобминација за настап на дуелот со Мајорка.

Хрватскиот генијалец беше херој по влегувањето во игра против Валенсија, по што беше најавуван како сигурен стартер на вечерашниот натпревар. Сепак, Модриќ се разболел по заминувањето од Шпанија за Саудиска Арабија, тој ги пропушти последните два тренинга на Реал, по што е донесена одлука Лука воопшто да не биде во тимот за денешниот дуел.

Како што најавуваат мадридските медиуми, местото на Модриќ во стартните единаесетмина ќе му припадне на Камавинга.

Победникот на овој натпревар во финалето ќе се сретне со Барселона, која славеше на вчерашниот дуел против Атлетик Билбао со резултат 2-0.

Се вчитува...