Победничката серија на Барселона во Ла Лига е запрена од најголемиот ривал, Реал Мадрид, а по поразот, тренерот Ханси Флик доби дополнителни главоболки.
Дефанзивецот на Барселона, Чави Еспарт, ќе паузира седум недели поради повреда на скочниот зглоб на десната нога, соопшти каталонскиот тим. Еспарт се повреди на синоќешното Ел Класико во кое Барселона загуби со 2:1 од Реал Мадрид и тоа на „Камп Ноу“.
„Тестовите потврдија дека Чави Еспарт задобил повреда на десниот скочен зглоб по судирот со противнички играч на синоќешниот натпревар. Проценето е дека рехабилитацијата ќе трае околу седу недели“, стои во сооштението на Барселона.
Повредата на Еспаерт е нов удар за Ханси Флик бидејќи веќе на листата на повредени играчи се Дани Олмо и дефанзивците Ерик Гарсија, Жил Кунде и Андреас Кристенсен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
