Џампјеро Гасперини се соочува со огромни проблеми околу составот на Аталанта пред клучниот период од сезоната, откако на листата на повреднеи играчи се приклучи и Штефан Пош.
Овој фудбалер пристигна од Болоња во јануарскиот преоден рок за да помогне при кризата со повредени дефанзивци откако Гасперини на подолг период ги загуби Хиен, Скалвини и Косуну. Сепак, на вчерашниот тренинг незгодна повреда на тетивата се повреди и Пош, кој според првичните информации ќе паузира околу 40 дена од фудбалските терени.
Ова е огромен проблем ако се знае дека Аталанта допрва ја очекува пеколна серија на натпревари, почнувајќи од дербито со Јувентус викендов, по што ќе следи и пресметка со лидерот Интер, како и дуели со Фиорентина, Лацио и Болоња во следните месец дена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

