Реал Мадрид го загуби натпреварот со Ливерпул во Лигата на шампионите, но го загуби и Орелиен Чуамени, кој ќе паузира во следните неколку недели.
Играчот од средниот ред доби повреда на мускулот на левата нога, па рехабилитацијата би можела да трае 3-4 недели. Тоа значи дека Французинот нема да игра на натпреварите со Рајо Ваљекано, Елче и Олимпијакос, а можеби и на Џирона.
Претходно Реал Мадрид објави дека и Федерико Валверде е повреден, со оглед дека во самиот финиш на „Енфилд“ беше заменет поради болки во мускулот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

