Болницата во Реал Мадрид се зголеми, сега во неа се најде и Мбапе

Оваа сезона Реал Мадрид има проблеми со повредени играчи, а сега дополнителен проблем претставува и повредата на Килијан Мбапе.

Играчот на „кралевите“ вечерва на гостувањето во Бергамо го постигна првиот гол во Лигата на шампионите, но во 34. минута го напушти теренот поради повреда.

Допрва ќе се утврдува тежината на повредата, но дефинитивно ова ќе биде огромен хендикеп за Карло Анчелоти, и покрај тоа што формата на Французинот во последно време не е сјајна.

Се вчитува...