Екипата на Болоња продолжува со одлични игри во Калчо-лигата откако избраниците на Тијаго Мота славеа на дуелот со Рома со 2-0, успевајќи да се искачат на четвртото место на табелата, пред шампионот Наполи, но и пред Фиорентина, Рома, Лацио…
„Волчицата“ вечерва настапи сериозно ослабена, без суспендираните Лукаку и Жалевски, но и без повредениот Дибала. Во таква ситуација, разбирливо е зошто нападот на гостите од Рим делуаше безопасно, додека на спротивната страна „болоњезите“ знаеја како да ги искористат шансите што ги создадоа.
Хрватскиот интернационалец Моро го отвори резултатот со прецизен удар од десетина метри, а вториот погодок за Болоња всушност беше автогол на домашниот дефанзивец Кристенсен, кој ја затресе сопствената мрежа, за петти пораз на Рома оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА