Тијаго Мота ќе биде наследникот на Синиша Михајловиќ во Болоња откако поранешниот фудбалер на Интер ја прифати понудата за двогодишен договор за плата од еден милион евра по сезона.
„Болоњезите“ најпрвин преговараа со Де Зерби, но екс-тренерот на Сасуоло ја одби понудата од почит кон Михајловиќ. Мота пак немаше таков проблем, па бразилско-италијанскиот стратег експресно ги договори условите и се очекува во текот на денешниот ден и официјално да го потпише договорот. Тој сепак нема да го води тимот на дуелот со Фиорентина, бидејќи нема одработено ниту еден тренинг со тимот, па со работа ќе почне од понеделник.
Ова ќе биде трет тренерски ангажман во Калчо-лигата на Тијаго Мота, кој издржа само десет натпревари на чело на Џенова од октомври до декември 2019, а потоа ја мина целата ланска сезона на чело на Специја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА