Болоња го претстави Арнаутовиќ како хорор филм (ВИДЕО)

Марко Арнаутовиќ официјално е нов фудбалер на Болоња откако италијанскиот тим и австрискиот репрезентативец ставија потпис на тригодишен договор со кој Арнаутовиќ ќе заработува скоро три милиони евра по сезоната.

Поранешниот играч на Твенте, Вердер, Стоук и Вест Хем во составот на Синиша Михајловиќ доаѓа од Кина каде во претходните две сезони го носеше дресот на Шангај Порт и треба да биде клучно засилување за калчолигашот во новата сезона.

Арнаутовиќ е добро познат по одличниот инстикнт пред голот и е „хорор“ за противничките голмани па Болоња се одлучи и на интересен начин да го претстави својот нов играч, притоа предупредувајќи дека ова видео не е за оние со слабо срце.

Се вчитува...