Болоња го шокираше Милан и ја освои Копа Италија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Болоња приредија сензација и стигнаа до трофејот во „Копа Италија“ откако во финалето на „Олимпико“ славеа против Милан со минимални 1-0.

Клучниот момент во натпреварот се случи во 53. минуа кога Ден Н’Доје го постигна погодокот кој на крајот се покажа како клучен за освојување на трофејот.

За Болоња ова е трет трофеј во Копа Италија, а прв од 1974 година. Милан останува на пет освоени титули, но само една во 21 век и тоа во 2003 година.

 

Milan 0-1 Bologna – Dan Ndoye 53'
byu/Meladroitdetrela insoccer

Се вчитува...