Фудбалерите на Интер загубија со 1-2 на гостувањето кај Болоња во заостанатиот натпревар од 20. коло и со тоа ја препуштија палката на градскиот ривал Милан во борбата за титулата во италијанската Серија А.
Гостите брзо стигнаа до водство од 1-0 со голот на Лаутаро Мартинез во 3. минута. Сепак, по големиот број промашувања казната стигна во 28. минута кога на 1-1 израмни Арнаутовиќ. Конечните 2-1 ги постави Сансоне во 82. минута. Со овој пораз Интер сега заостанува два бода зад градскиот ривал Милан на првенствената табела.
Во вториот вечерашен натпревар во Серија А Аталанта и Торино одиграа луд меч во Бергамо кој заврши 4-4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА