Болоња и натаму без победа во Серија „А“, освои само бод против Специја

Тимот на Болоња и после пет натпревари, остана без победа во Серија „А“ со скор од два порази и три ремија. Денеска избраниците на Синиша Михајловиќ ремизираа со Специја на гостински терен.

Арнаутовиќ во 7. минута донесе водство за гостите, а Бастони израмни во судиското надополнување од првиот дел.

Шоутен со автогол ги израдува домашните фудбалери и навивачи во 54. минута, додека Арнаутовиќ успеа да донесе бод во 64. минута.

Минатата недела се шпекулираше со смена на Синиша Михајловиќ доколку Болоња не го добие овој натпревар.

Се вчитува...