Болоња ја изненади Аталанта, Кремонезе го предаде „фенерот“ на Сампдорија

Екипата на Болоња направи изненадување совладувајќи ја Аталанта на нејзин терен со 0-2. Сансоне во 49. минута беше првиот стрелец, а Орсолини во финишот вториот за конечен триумф. Болоња со оваа победа му ја загрозија позицијата на противникот во битката за Лигата на шампионите, но затоа, пак, Болоња сега е во игра за излез во Европа.

Сампдорија и Кремонезе во вториот меч одиграа неизвесен и возбудлив натпревар кој го доби Кремонезе со 2-3. Иако Сампдорија два пати водеше преку Лерис и Ламерс, Гињоне, Лохосшвили најпрво донесоа „егал“, а во финишот Серникола за голема радост за тимот на Кремонезе кој сега не е повеќе последнопласиран, односно го предаде „фенерот“ на Сампдорија.

Претходно Фиорентина одигра 1:1 со Специја, а Удинезе одигра 2-2 со Монца.

Се вчитува...