Секој тим кој сака да го види Џошуа Циркзе во своите редови, ќе треба да плати 40 милиони евра. Ова е цената која италијанскиот тим ја одреди, а која сакаат да ја платат неколку клубови.
Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за Холанѓанецот, а исто така и Милан кој сака да го донесе во своите редови, но по помала цена од онаа која неговиот клуб ја одреди.
Циркзе во последен миг се најде на списокот на Холандија за ЕВРО 2024.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА