Прекина серијата од четири порази на Болоња со триумф над Торино на гостински терен со 1-2. Од друга страна Торино влезе во лоша серија, и падна на 14-тото место на табелата во Серија „А“.
Моро во 49. минута од средбата донесе предност за Болоња. Влашиќ во 62. минута донесе израмнување. Но, радоста на домашните траеше кратко, затоа што Кастро во 70. минута донесе нова предност, и конечна победа.
Болоња дојде до деветата победа во првенството, додека Торино го запиша 12-тиот пораз во Серија „А“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

