Болоња ја совлада и Аталанта, Илиќ со „бомба“ го спаси Торино (ВИДЕО)

Екипата на Болоња продолжува со добрите резултати сезонава во Серија „А“ откако ја совлада и Аталанта, и со тоа се искачи на четвртото место на табелата.

Избраниците на Тиаго Мота дојдоа до осмата победа, и оваа победа доаѓа само неколку дена после елиминацијата на Интер од Купот на Италија. Стрелец на единствниот гол вреден три бода беше Фергусон во 86. минута од средбата.

Торино го одигра и шестото реми во сезоната откако се спаси од пораз од Удинезе на домашен терен. Најголемите возбудувања на натпреварот се случија во финишот од средбата. Најпрво Зарага во 81. минута ги донесе гостите во предност, а Илиќ во 88. минута со прекрасен гол донесе бод за Торино.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...