Болоња обезбеди финале со Милан во Купот на Италија… (ВИДЕО)

Болоња ќе игра финале против Милан во Купот на Италија, откако и во реванш-полуфиналната пресметка славеше на дуелот протов Емполи.

По победата од 3-0 на првиот меч, Болоња сега и пред своите навивачи славеше со 2-1 против Емполи за лесно место во финалето.

По израмнетото прво полувреме, Далинга со гол во 86. минута ја донесе победата за Болоња.

Финалето меѓу Болоња и Милан е закажано за 14 мај.

Се вчитува...