Лука Банки поднесе оставка како тренер на Виртус среде двата натпревари во оваа евролигашка недела. Банки ги известил играчите дека си заминува по шокантниот пораз од Алба во Болоња и ден пред натпреварот со Црвена звезда на свој терен.
Тоа беше само кулминација на лошите односи во Виртус бидејќи Банки имаше жесток конфликт со генералниот директор Паоло Рончи.
Веќе на почетокот на сезоната имаше конфликт и со Вил Клајбурн и оттогаш сè стана покомплицирано, а меѓу играчите наводно имал поддршка само од Марко Белинели.
Италијанските медиуми шпекулираат дека на местото на Банки, треба да дојде Александар Ѓорѓевиќ, кој веќе беше дел од Болоња од 2018 до 2021 година. Единствена пречка е што Србинот сака повеќегодишен договор.
Исто така се споменува и доскорашниот тренер на Монако, Саша Обрадовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА