Екипата на Болоња ќе игра во финалето од Суперкупот на Италија, откако по „пенал-рулетот“ успеа да слави против Интер.
Во регуларниот дел мечот заврши без победник, 1-1. Интер поведе уште во 2. минута со голот на Турам.
Но, Болоња успеа да израмни со голот на Орсолини во 35. минута, па до крајот на регуларните 90 минути немаше повеќе погодоци. Па во пенал серијата, Интер не реализираше дури три пенали, и Болоња со 2-1 си обезбеди финале.
Во финалето Болоња ќе се соочи со Наполи кој во вчерашното прво полуфинале славеше со 2-0 против Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

