Интер им се врати на победите во италијанското првенство откако во 14. коло славеше со преубедливи 6-1 против Болоња. Гостите први поведоа, но тоа беше само мотив повеќе за „нероаѕурите“ кои потоа ја наполнија мрежата на гостите.
Натпреварот го отвори Ликојанис во 22. минута, но веќе до полувремето Џеко, Димарко и Лаутаро Мартиез успеаја негативата да ја претворат во убедливa предност. Интер продолжи во исто темпо и во вторите 45. минута во кои стрелаа Димарко, Чалханоглу и Госенс за деветтиот триумф во сезоната.
Во останатите натпревари Торино славеше со 2-0 против Сампдорија, а Фиорентина со 2-1 против Салернитана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА