Синиша Михајловиќ е пред отказ од клупата на Болоња по вчерашниот дебакл од Интер во 4. коло од Серија А.
Изненадувачки се размислувањата за отказ на Михајловиќ ако се знае дека Болоња има седум бода од можните 12 на стартот од новата сезона во Серија А. Сепак, како што пренесува „Тутомеркато“, од Болоња се револтирани поради вчерашниот пораз од 6-1 од Интер
Италијанците пренесуваат дека прв кандидат за негов наследник е легендата на италијанскиот фудбал, Даниеле Де Роси, кој беше дел од стручниот штаб на Роберто Манчини на Европското првенство оваа година на кое Италија дојде до европската круна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА