Болоња успеа да избегне пораз на домашен терен против Удинезе откако тимот на Тијаго Мота со голема борба и со фудбалер помалку на теренот стигна до израмнување од 1-1 и бод што може да биде од огромна важност во битката за влез во ЛШ во наредната сезона.
„Болоњезите“ ја имаа фаворитската улога во пресрет на овој меч, но Удинезе предводен од новиот тренер Фабио Канаваро се прикажа во добро светло, пред крајот на првото полувреме успевајќи и да поведе со голот што го постигна Пајеро.
Кога кон средината на вториот дел црвен картон заработи Беукема се чинеше дека Болоња се соочува со невозможна мисија, но домаќините продолжија да напаѓаат, на крајот стигнувајќи до реми благодарение на евроголот од слободен удар на Салемакерс во 78. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА