Болт доби понуда од Европа, не е Милан туку…

Јусеин Болт е подготвен за заминување од Австралија и почеток на својата фудбалска кариера во Европа, откако светскиот рекордер во атлетика ја доби и првата официјална понуда за договор како фудбалер.

Менаџерот на Болт во текот на вчерашниот ден објави дека клуб со нови газди и желба да игра во ЛШ му понудил двогодишен договор на Јамајканецот. Најголемите оптимисти тврдеа дека можеби станува збор за Милан, но набрзо се најде и вистинскиот идентитет на клубот – Валета од Малта.

„Точно е, испративме официјална понуда до Болт. Желба ни е тој да настапи и на претстојното куп-финале за нас. Овој трансфер за нас би бил испишување историја во обидот да создадеме сериозен клуб, да испишеме историја“ – изјави извршниот директор на Валета, Гастон Слимен.

Болт го мина последниот месец на проба во Австралија во Централ коуст маринерс, управата на овој клуб се уште му нема понудено договор во пресрет на стартот на А-лигата, па лесно може да се случи спортската суперѕвезда да си замине од овој континент и да дојде во Европа, за означување на почетокот на својата фудбалска кариера.

Се вчитува...