Болт ги осуди расистичките навреди кон англиските фудбалери – Ваков ужас e тешко да се гледа!

Усаин Болет во едно интервју се осврна кон расистичките навреди кои ги претрпеа англиските фудбалери Букајо Сака, Маркус Рашфорд и Џејдон Санчо. Тие станаа жртви на напади на социјалните мрежи откако промашија пенали во финалната пресметка против Италија на Европското првенство.

Англија го загуби финалето и целиот гнев на навивачите беше насочен кон нив тројца. Токму поради ваквиот развој на настаните, олимпискиот шампион и големиот следбеник на фудбалот застана во нивна одбрана и ја опиша ситуацијата како ужасна и многу нефер за фудбалерите на Англија.

„Грдо е што ова се случува, јас сум исплашен за ваквиот развој на настаните. Тешко ми е да гледам такви работи. Како Африканец и црнец, морам да кажам дека ситуацијата е многу тешка. Не можете да ги обвинувате тројцата фудбалери, тие не одлучуваат кој ќе шутира пенали. Сите се разочарани и вознемирени кога некој ќе промаши пенал, но кога станува збор за расистички навреди, тогаш тоа е проблем. Не можам да верувам во кој правец оди фудбалот”, рече Болт.

 

 

 

Се вчитува...