Светскиот рекордер на 100 метри и на 200 метри, Усаин Болт, го имаше своето фудбалско деби. Но, ниту од далеку тоа беше како што тој сонувал, или пак како што беше најавувано, во некој голем европски клуб. Болт одигра меч во дресот на Штромготсет против норвешката репрезентација до 19 години. Доби шанса во 71.минута, а на грбот го носеше бројот „9.58“, што го означува неговиот светски рекорд на 100 метри.
Според извештаите, Усаин Болт имал и една убава можност за постигнување погодок, но не успеал да реализира со удар со глава. Неговиот тим Штромготсет загуби со 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА